Павлопулос: Уставна ревизија за членство во НАТО и EУ

Од:

Само откако ќе заврши уставната ревизија што ќе ги содржи сите гаранции, тогаш Договорот ќе дојде за ратификација во грчкиот парламент, а соседната земја ќе може да добие покана за членство во НАТО и да започне пристапни преговори со ЕУ, рече грчкиот претстедател Прокопис Павлопулос на денешната средба со неговиот германски колега, Франк Валтер Штајнмаер.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Павлопулос во изјавата, ги спомена и т.н. грчки национални прашања, а меѓу нив и односите меѓу Македонија и Грција.

Рече дека Атина се стреми кон пријателски и добрососедски односи и “во пракса покажува дека ја поддржува перспективата во НАТО и Европската унија”. Но, додаде дека во однос на ова постои еден важен предуслов.

– Решавање на прашањето со името согласно историјата и меѓународното право. За да се случи ова, како што јасно кажавме и е позиција прифатена и од Европската Унија и од НАТО, треба нашата соседна земја да ги направи неопходните промени во нејзиниот правен поредок, а пред сѐ во нејзиниот Устав. Според тоа, очекуваме да го исполни тоа. Само кога конечно ќе заврши целиот овој процес и штом се утврди дека уставната ревизија ги содржи сите гаранции за кои говорев претходно, тогаш ќе може да постои покана за членство во НАТО, како и било каков почеток на разговори, во однос на пристапниот процес наа ПЈРМ во Европската Унија. Исто така, само тогаш ќе може да се финализира и содржината на Договорот меѓу Грција и ПЈРМ и да дојде за ратификација во грчкиот парламент, рече Павлопулос на средбата со неговиот германски колега во претседателската палата во Атина.

Германскиот претседател Штајнмаер се задржа на германско – грчките односи, на економското закрепнувње на Грција, на бегалскиот проблем, како и на претстојните евроизбори.

Ова е втора посета на Грција на Штајнмаер во последната една и пол година, а освен си неговиот домаќин, Павлопулос, германскиот претседател се сретна и со грчкиот премиер, Алексис Ципрас.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски