Груевски на Фејсбук за новите истраги: СЈО е класичен инструмент за репресија кон политичките неистомисленици

Од:

Новите шест истраги на СЈО се само продолжување на политичкиот прогон кон сегашни и поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а во контекст на слабеење на позициите на партијата и нејзини поединци, како и во контекст на промената на името по неуспешниот референдум, напиша синоќа на Фејсбук поранешниот премиер, Никола Груевски.

Во статусот тој поединечно образложува зошто истрагите на СЈО се неосновани.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ, како што пишува Груевски, се обидуваше од сите земји во светот да привлече инвестиции и да создаде услови за добра бизнис клима, но најуспешна беше токму со компаниите на земјите членки ЕУ и НАТО.

– Напоменувам дека земјиштето на кое се изгради Балканскиот универзитет е продадено на јавна електронска лицитација на која можеа да конкурираат и други кандидати од областа образование и дека цената од едно евро квадрат е почетна цена која некогаш кога немаше други кандидати беше и конечна но најчесто имаше и други конкуренти и цената растеше при наддавањето, наведува Груевски.

Пред доаѓањето на ВМРО на власт, како што вели тој, имаше изобилство неизградена земја низ градовите и селата, локации полни со шут и ѓубре и 39 отсто невработени луѓе, односно само 560 илјади вработени.

– Промената на уредбата на почетната цена на земјата не ја сменил еден човек, туку е сменета со одлука на владата и важи за сите. Нашиот однос како влада кон сите инвеститори беше крајно пријателски и тоа многу помогна да ги убедиме инвеститорите да инвестираат во Македонија. Патем речено, да напоменам дека од она што јас го знам инвеститор и сопстевеник на Балканскиот универзитет во Скопје се фондации и НВО кои се и хуманитарни и добротворни организации и во чии управни одбори членуваат првите луѓе на најголемите турски компании како Ефес Пилсен, Кока Кола, Ваикики, Халк Банка и повеќе други, пишува Груевски во статусот.

За жал, како што додава, денес не е така со коректниот и посветен однос кон инвеститорите и затоа ретко кога слушаме за нови инвеститори.

Во врска со истрагата поврзана со финансирање и наводно превземање на седум медиуми, Груевски вели дека владата никогаш сама, без критериум и надвор од закон не вршела распределба ниту одлучувала каде и колку средства за кампањи ќе се наменат.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ ниту имало, ниту поседувало медиуми.

– Владините кампањи дадоа одлични резултати во времето кога се емитуваа или реемитуваа и ја остварија нивната примарна цел: да влијаат на свеста на граѓаните за подобрување на некои лоши состојби, лошо или штетно општо прифатено однесување и обичаи, да информираат за многу можности, услуги и можности кои ги даваа државните органи со изменетите закони и реформи во тоа време, да афирмираат позитивни вредности во општеството како на пример повисоко и поквалитетно образование и знаење, пишува Груевски.

Според него останатите четири случаи на СЈО се исто така празни и фабрикувани.

– Само човек кој не ги разбира или не сака да ги разбере можностите за доаѓање до средствата кои Македонија 20 години се обидуваше да ги добие од Руската федерација како средства од поделбата на побарувањата на поранешните републики од поранешната СФРЈ може од тој успех да креира истрага. Тука на СЈО можам да им препорачам две работи, наведува во статусот Груевски.

Обвинува дека политичкиот прогон кој се спроведува преку СДСМ продолжува и се интензивира.

– СЈО не е ниту независна, ниту неполитичка ниту непристрасна институција. СЈО е класичен инструмент за репресија кон политичките неистомисленици и што подолго одржување на власт на СДСМ, пишува Груевски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески