Османи изненаден, апелира за побрза истрагата од СЈО

Од:

Откако СЈО објави дека отвори истрага против ексминистерот за здравство, сега вицепремиер за европски прашања Бујар Османи, тој вели дека за него, потегот на Обвинителството е изненадување. Османи додава дека како министер за здравство, но и сега, работел според законот во интерес на граѓаните.

„Информацијата за отворената истрага од страна на СЈО, иако уште претходно како шпекулација ја имав слушнато и прочитано во медиумите, сепак претставува изненадување за мене, особено спомнувањето на моето име во контекст на евентуални злоупотреби. Во мојата политичка и воопшто професионална кариера, и како Министер за здравство порано, и сега, како Вицепремиер, предводник на Секретаријатот за европски прашања, секогаш сум работел според закон, и во интерес на сите граѓани на Република Македонија. Задржувајќи го истиот принцип, сакам да испратам неколку пораки:

Поведената истрага ја сметам за нормална, коректна и професионална обврска на Обвинителството и во таа насока стојам на располагање и на Специјалното Јавно Обвинителство, и на било кој друг правосуден орган во земјава, за соработка во интерес на идентификување на целосната фактичка состојба. Сакам да потенцирам дека немам што да кријам, напротив, очекувам што е можно побрза и поефикасна истрага, а со цел да се утврди вистината – дека ниту сум влијаел, ниту сум можел да влијаам, а ниту сум можел да бидам запознаен со евентуална злоупотреба, секако, доколку таква постоела“, се вели во посмената изјава на Османи.

Во новата истрага на СЈО која се води под името „Пациент“ во која се осомничени за 15 лица, еден од нив е и поранешниот министер за здравство, Бујар Османи, а сегашен вицепремиер. Според СЈО, постои основано сомнение дека осомничените ја злоупотребиле службената положба и овластување во постапки по јавни набавки за извршување градежни и градежно – занаетчиски работи во повеќе јавни здравствени установи низ државата.

СЈО смета дека постои основано сомнение дека во 2010 година четворица од осомничените, Фатмир Авмедовски, Бетим Љамалари, Менсур Ибрахими и Жаклина Чагороска, како одговорни лица – претседател и членови на комисијата за јавни набавки во Министерството за здравство на РМ, при вршење на јавна набавка за изведување градежни и градежно – занаетчиски работи во повеќе јавни здравствени установи низ Македонија, поднеле незаконит предлог за избор на најповолна понуда, а осомничениот Бујар Османи, како министер за здравство, наместо да го одбие предлогот на Комисијата, донел решение за избор на најповолна понуда на понудувачот ГБС – Благоевград – Република Бугарија.

Би можело да ве интересира

Османи: Слоганите на ВМРО-ДПМНЕ се обид да се омаловажи достоинството на секој Албанец

Орце Костов

Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува

Адеми: Волјата на гласачите е запишана, таа ќе биде дел од идните политики на државата

Османи: Одлучувачки избори за иднината на државата

Катерина Ѓуровски

Османи: Големиот Eвропски фронт ќе биде моќен штит за растечкиот национализам и ќе стане мост кон Брисел

Османи: На затворена седница ќе презентирам информации за Бањска, а Владата ќе одлучи за натамошно учество во „Отворен Балкан“