Единствена Македонија најостро го осудува односот на власта кон ТВ Телма, МЦМС, агенцијата „М-проспект“ и нивното купување за правење лажни анкети за референдумот.
„Резултатите од референдумот покажаа дека сите анкети што ги правеа и промовираа заедно платеничките ТВ Телма, Меѓународниот центар за меѓународна соработка и агенцијата ‘М-проспект’ биле лажни и по нарачка на власта.
Атанаса Кировски од Телма, Александара Кржаловски од МЦМС и агенцијата ‘М-проспект’, која е во служба на СДСМ уште додека беше во опозиција, а дури Заев своевремено на двапати има добиено наменска награда од нив за т.н. најуспешен менаџер во југоисточна Европа, мора веднаш да се извинат за специјалната војна што ја водеа со лажни анкети пред референдумот на 30 септември.
Да се потсетиме, ТВ Телма, МЦМС и агенцијата ‘М-проспект’ направија неколку анкети пред референдумот и прогнозираа излезност од високи 66,4 отсто, испадна во реалноста само 36,89 отсто, иако и овој процент на ДИК е проблематичен или со утка од цели 30 проценти.
Се виде дека бојкотот на референдумот ништо не може да го спречи. Процесот тргна, храбро, решително и во интерес на народот бидејќи македонскиот народ и поголем дел од граѓаните не сакаат членство во НАТО и промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ“, се наведува во соопштението на партијата.