УСАИД го промовираше повикот за проектот за граѓанско учество

Од:

УСАИД доделува 90.000 американски долари на невладиниот сектор и на младите. Директорот на канцеларијата за општ развој на УСАИД во Македонија, Едвард Гонзалес денеска во Штип истакна дека се работи за повик за проекти кои се поврзани со најважните прашања кои ги засегаат заедниците.

– Со проектот за граѓанско учество всушност УСАИД сака да ја постигне иницијативноста кај граѓанските организации, а пред се кај младите да бидат пред се позитивни двигатели во заедниците, истакна Гонзалес.

Овој повик е во рамките на пет годишна иницијатива на УСАИД за развој на општеството, преку која се доделени 9,5 милиони долари за грантови и техничка помош. Дел од парите завршиле за проекти кои ги реализирале штипски невладини организации.

Најголемиот грант кој се доделува е во износ од 120.000 долари и е наменет за мрежа на граѓански организации. Меѓу нив се Платформата за спречување на корупцијата, како и развој на вештини за вработување на младите.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници