Алиоски: Поквалитетни сме од Лихтенштајн и очекувам победа

Од:

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките во пресрет на натпреварот против Лихтенштајн од Лига на нации. Стрелецот на два гола за „црвено-жолтите“ во првите две рунди очекува сигурен триумф и нови три бода со кои Македонија ќе се зацврсти на првата позиција.

– Имаме две победи на стартот од Лига на нации, но ништо не е готово. Радува тоа што се наоѓаме во добра форма, имаме одлични фудбалери и сега не очекува Лихтенштајн. Мора да го добиеме овој меч. Но, пак велам дека ништо не е готово. И нема да е толку лесно, затоа што во фудбалот се е можно. Но, ние сме поквалитетни, ни се вратија Хасани и Адеми. Треба да имаме концентрација како на последните мечеви. Ако играме така, сигурно ќе победиме, изјави Алиоски за веб страницата на ФФМ.

Тој вели дека не е важно кој ќе реализира, туку е значајно да се победи.

– Дадов два гола на првите два меча, но не ми е важно кој ќе даде гол, сакам да победиме. Секако дека сакам пак да дадам гол, но и да не дадам, ќе бидам среќен со три бода, изјави Алиоски.

Македонија е домаќин на Лихтенштајн на 13 октомври, а три дена подоцна гостува во Ерменија.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска