Општина Куманово интензивно го уредува просторот околу Спомен Костурницата

Од:

Екипите на јавните претпријатија „Чистота и Зеленило“ и „Куманово-Паркинг“ работат на партерно уредување на просторот околу Спомен костурницата, каде што ќе се чествува празникот 11 Октомври. Екипите го чистат локалитетот, се поставуваат штедливи светилки на постоечките канделабри, се санираат оштетувањата на скалите пред споменикот. Екипи на приватна компанија поставува асфалт на површина од 2.000 метри квадратни на пристапната патека која води кон Споменикот.

– Општината во рамки на своите можности влезе во реконструкција на постоечката патна инфраструктура. Спомен одбележјето е под надлежност на државата, а општината во рамки на оваластувањата, помогната од спонзори и јавните претпријатија реконструира дел од партерното уредување и пристапните патишта, изјави градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Тој најави дека ќе биде поставена и нова урбана опрема. Градоначалникот на Куманово најави дека чуварската служба на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ ќе го одржуваат просторот кој често е места на вандалско однесување, а наредната година ќе бидат ангажирани и приватни агенции за обезбедување.

Димитриевски најави дека за прв пат општините Куманово и Прилеп заеднички ќе го одбележат 11 Октомври.

Директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски потсети дека екипите континуирано се грижат за просторот околу Спомен костурницата и дека лани на просторот се засадени 200 садници. И Стојчевски и директорот на ЈП „Куманово-Паркинг“, Фадиљ Шабани, апелираа да се сочува овој простор, кој, пак, информираше дека ќе биде обновено целокупното осветлување поставено пред четири години кое изминативе години е уништено.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра