Исламистичка партија бара забрана на Парадата на гордоста во Приштина

Од:

Косовската партија Збор (Фјала), позната по своите исламистички ставови, смета дека планираната Парада на гордоста, која треба да се одржи утре во Приштина, претставува навреда за граѓаните на Косово и дека нејзиното одржување треба да се спречи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од партијата бараат интервенција на надлежните институции за забрана на одржувањето на манифестацијата на ЛГБТИ заедницата, која ја нарекуваат „парада на срамот“.

– Оваа парада е парада на срамот. Ние, партијата Фјала, го повикуваме премиерот и претседателот да го спречат одржувањето на една таква парада, соопшти партијата, нагласувајќи дека „не е против ЛГБТИ заедницта, туку против нејзината јавна промоција“.

Активисти и поддржувачи на ЛГБТИ заедницата во Косово утре по вторпат ќе ја организираат Парада на гордоста во Приштина, која се одржува во рамките на „Неделата на гордоста“, што започна на 5 октомври.

Парадата ќе започне во самиот центар на Приштина, во пешачката зона, во 11:30 часот, а ќе финализира со пригодни говори и со концерт на платото кај хотелот „Гранд“.

Минатогодишната, прва Парада на гордоста во Косово, се одржа на истиот ден како и годинешната и беше поддржана од државни раководители и јавни личности.

Претходните три години во Приштина беа организирани маршеви на припадниците и поддржувачите на ЛГБТИ популацијата. Сите овие манифестации поминаа без посериозни инциденти и само со помали јавни демонстрации на противниците на ваквите манифестации на геј-популацијата.

Би можело да ве интересира

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он

ВИДЕО: Јустина Широка-Пуља е избрана за претседателка на Косово

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“

Приведен, па пуштен: порашениот член на ОВК Фадиљ Пушкољи и се заблагодари на македонската полиција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хашим Тачи е осуден на 25 години затвор за воени злосторства

Катерина Ѓуровски