А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Протест против изградба на деветкатницата кај „Мајчин дом“

by Кристијан Ландов08/10/2018 - 19:5208/10/2018 - 19:57616
Share0

Жителите на Аеродром кои реагираа за градбата на деветкатницата кај „Мајчин дом“, утре во 18 часот ќе излезат на протест. За овој објект жителите на Аеродром алармираа дека ќе направи еколошка катастрофа бидејќи се гради на зелена површина, а за да се изгради, пак, паркинг за зградата, урбанистичкиот план предвидува сеча на дрворед и ново уништување на зеленилото.

Добивај вести на вибер

„Аеродромците ќе играат серва пред општината бидејќи не остана зеленило каде да се рекреираат“, пишуваат на социјалните мрежи организаторите на протестот кој ќе се одржи кај маалското игралиште.

Градежни работници со лимени тараби ја оградија парцелата за изградба на деветкатница кај „Мајчин дом“.

Стопирањето токму на овој објект и поништување на планот со кој е предвиден беше главен адут во изборната кампања на сегашниот градоначалник на Аеродром, Златко Марин. Тој како опозиционер што се бори за градоначалничка функција, на претходниот градоначалник му предлагаше решенија, како обесштетување на сопствениците на земјиштето со пари или компензација со земјиште на друга локација за да го заштити просторот од дополнително градење и да ги послуша граѓаните. Кога стана градоначалник, не само што самиот не ги премиени советите што му ги даваше на претходникот туку го смени и мислењето и во неколку наврати се оправдуваше дека не може ништо да преземе за да ја спречи градбата.

Вчера, Општина Аеродром соопшти дека ги разгледала сите можни правни механизми за спречување на градбата реагирајќи на објавата на Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ дека градоначалникот Марин за време на кампањата за референдумот издал одобрение за градење на објектот.

devetkatnicamajcin domprotest

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Горан Наумовски04/02/2026 - 15:01

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Горан Наумовски28/01/2026 - 11:34

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски28/01/2026 - 10:4628/01/2026 - 11:06

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Горан Наумовски27/01/2026 - 18:06

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Предраг Петровиќ26/01/2026 - 17:55

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Горан Наумовски15/01/2026 - 16:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен