(ВИДЕО) Ременски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за ЕУ и НАТО или одиме на избори

Од:

Членството во НАТО и ЕУ е стратешка определба и врвен национален интерес. Над 90% од тие што гласаа се за тоа и треба да се почитува нивната одлука, преку гласање во Собрание, рече на потпретседателка на Собранието на Република Македонија и потпретседателка на СДСМ.

„Откако Владата најави дека доставува предлог, ги пивикувам сите пратеници да преземат одговорност за иднината на државата. Сите пратеници, вклучувајќи ги и од ВМРО-ДПМНЕ се должни да ја следат мнозинската волја на граѓаните. Ги повиквам сите да го поддржат процесот во Собранието и да гласаат за уставните измени. Никој да не се надева на амнестија. Доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ и натаму блокира, останува само да одиме на избори веднаш“, рече Ременски

„Согласно Деловникот, останува на претседателот на Собранието ќе ја закаже седницата, по завршувањето, очекуваме деновиве да се знае динамиката. Не можам експлицитно да одговорам дали го имаме потребното мнозинство, но фактот дека се пристапува кон измени на Уставот значи потенцирање на одговорноста на пратениците да пристапат кон почитување на волјата на мнозинството кои гласаа на референдумот. Не сметам дека Собранието треба да пристапува кон организирање на тајни гласања, бидејќи сите треба да застанеме пред сопствената одговорност за тоа каква иднина сакаме“, додаде Ременски.

Галена Николовска Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски