На германскиот фестивал на пивото во Минхен, Октоберфест, којшто беше затворен вчера, биле испиени 7,5 милиони литри пиво.
Меѓу 6,3 милиони посетители беа и Бил и Хилари Клинтон, некогашниот претседател на САД и поранешната американска државна секретарка.
– Количеството пиво испиено годинава е еднакво на минатогодишното, а испиените безалкохолни пијалаци се за 10 отсто повеќе. Посетителите пак, биле 100.000 повеќе, а инцидентите – 10 проценти помалку, соопштија организаторите.
Но, и покрај помалкуте немили случки, на настанот темна дамка остави смртта на еден посетител, кој беше удрен по глава.