Граѓаните од населбата Пролет близу Железничката станица во Скопје се жалат дека вечерва осетиле мирис на пестициди кои им предизвикувал иритација на очите. Тие велат дека мирисот е неподнослив и навлагал во нивните домови.
Локалното население се жали дека се обиделе случајот да го пријават во инспекциските служби, но не успеале, бидејќи никој не одговарал на телефонските повици.