Бугајски: Македонија може да стане второто руско упориште на Балканот

Од:

Американскиот аналитичар Јануш Бугајски оценува дека „Скопје е новото руско упориште на Балканот и смета дека Македонија ќе стане нова Република Српска“.

„Доколку се блокира македонскиот пат кон западните институции, националните тензии ќе пораснат во целиот регион. Кремљ ќе вложи дополнителна енергија да ги загрози кревките демократски достигнувања на Западен Балкан, а ЕУ и НАТО ќе бидат се подалеку“, рече американскиот аналитичар Јануш Бугајски.

Тој за црногорскиот весник „Побједа“ рече дека ниската излезност на референдумот го доведе во прашање договорот со Грција, но и отворената врата на НАТО и ЕУ.

„Доколку договорот не биде поддржан, државата се повеќе ќе биде изложена на етничка радикализација, регионална нестабилност и мешање на Москва. Единствен излез може да биде одлука за вонредни избори во ноември, иако и тоа е ризичен предлог со оглед дека националистите се охрабрени од бојкотот на референдумот“, рече тој.

Тој додава и дека доколку српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Косово, Хашим Тачи постигнат договор за промена на границата, некои албански лидери на Косово и Македонија можат да видат шанса за натамошна етничка хомогенизација и поврзување на територии.

„Национализмот, сепаратизмот ќе ја направат државата подложна на влијанието на Русија. Москва во Македонија гледа свое упориште за борба против НАТО и ЕУ. Кремљ може да смета дека Македонија може да прерасне во втора Република Српска“, кажа тој.

Би можело да ве интересира

Руска полиција упадна на приватна свингерска забава во Москва: Гостите ги натерале да легнат на под

Предраг Петровиќ

Песков: Брисел ја затвора вратата за дијалог со Москва

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Москва е загрижена од плановите на НАТО

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски