Лилјана Поповска ги замолила колегите да не ја кандидираат за претседател на ДОМ

Од:

На седницата на Централниот одбор на ДОМ, претседателката Лилјана Поповска ги замоли колегите да не ја предлагаат за претседател, затоа што останува на својот став, искажан уште на претходниот конгрес пред четири години, а повторен повеќе пати во изминатиот период, дека тоа ќе биде нејзин трет и последен мандат на таа позиција, соопштуваат од ДОМ.

„Денеска, ДОМ е стабилна партија со јасно профилирана зелена опција, полноправна членка на Европските Зелени. Заокружен е циклусот од иницијатива, преку изградба на структура и идеолошко профилирање, до меѓународно вмрежување. ДОМ има изградено одлични кадри, искрено посветени на зелената идеологија, кои низ демократска процедура ќе изберат ново раководство, спремно да се носи со сите предизвици,“ вели Поповска.

На вчерашната седница на Централниот одбор на ДОМ била донесена одлука со која се утврдува 28 октомври 2018 година како датум за одржување на редовниот четврти конгрес на партијата. Оттаму велат дека се водело сметка терминот да не се поклопи со евентуалното одржување на предвремени парламентарни избори, кои се најавени за крајот на ноември или декември.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

Орце Костов

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

Орце Костов

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

Орце Костов