Одмрзната сметката на „Секјуриком“ за да им се исплатат заостанатите плати на вработените

Од:

Вработените во „Секјуриком“ ќе ја добијат платата за јули и август. Одмрзната сметката на „Секјуриком“, која беше замрзната поради истрагата против сопственикот на фирмата Волфганг Гампер за кого е поднесено обвинение за злопуптреби со 11 милионскиот тендер, велат од Основно јавно обвинителство. Тие додаваат дека ја следеле состојбата на вработените, кои неколку месеци не земале плата, па поради тоа, ја одмрзнале сметката.

„Следејќи ја состојбата на вработените и грижејќи се за почитување на законските права на работниците на кои неколку месеци не им се исплатени плати и придонеси за нивната работа во правното лице за чиј сопственик е покренато обвинение, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави согласност за одмрзнување на сметка на правното лице“, велат од ОЈО.

За „Секјуриком“  беше донесено Решение за привремено запирање на извршување на финансиски трансакции и привремено замрзнување на сметки на сопстевникот Волфганг Гампер и поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Васе Доневски за кои е поднесено обвинение за криминал тежок над 10 милиони евра преку тенедери за одржување на просториите на Владата, како и за четири правни лица.  Вработените во фирмата „Секјуриком“ неколку пати излегоа пред Влада каде доставија и барања, меѓу кои беше и одмрзнување на сметката за да им се исплатат плати и придонеси за неколку месеци наназад.

„Секјуриком“ е фирмата која беше долгогодишен партнер, добавувач на Владата и министерствата за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Таа беше набавувач за сите услуги, од чистење и одржување хигиена, преку обезбедување, до тековно одржување на објектите на Владата.

Би можело да ве интересира

Вработените на „Секјуриком“ ќе земат плата и за септември

Ана Ололовска

Вработените од „Сјекуриком“ ги бараат заостаните плати пред Владата

Наум Локоски

ВИДЕО: Вработените од „Секјуриком“ бараат прием во Владата поради неисплатените плати

Ана Ололовска

Обвинителството поднесе обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Наум Локоски

Распишана меѓународна потерница по сопственикот на „Секјуриком“

Ана Ололовска

Секјуриком: Работиме согласно законската регулатива и ги почитуваме договорите со вработените

Ана Ололовска