На денот на првиот круг од локалните избори на 24.03.2013 година, обвинетиот во „Титаник“, Мартин Протоѓер му се јавува на тогашниот директор на БЈБ, Љупчо Тодоровски. Во разговорот Протоѓер му вели на Тодоровски дека треба да се викне директорот на комуналното претпријатие на Охрид.
„Да го собереме тој директорот на комуналното со кола, да носи цигани што работат во Комуналец да гласаат. И полициски патроли да патролираат цел ден да се обесхрабрат комуњариве да гласаат“, му вели Протоѓер на Тодоровски, кој се согласува.
Во друг разговор од истиот ден, Миле му се жали на Сашо Мијалков дека одѕивот е висок, а таму каде што се надевале дека ќе има висок одѕив, кај Градска болница, била само три проценти.
„Спијат комунистите, да им ебам мајката комунистичка“, му вели Мијалков на Протоѓер.
Јанакиески на соговорник во друг разговор му вели дека за општина Центар клучни им се Дебар Маало и Капиштец.
Досега во судот за „Титаник“ се преслушани над 500 бомби.