Ахмети во акција за убедување на Мицкоски

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, вчера остварил средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Ахмети се уште се надева дека ќе го убеди Мицкоски, неговите пратеници да гласаат за уставните амандмани.

ОД ДУИ за А1он најавуваат дека се можни и други средби.

Пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, според изјавите, делува обединето и едногласно по референдумскиот ден. Неисполнувањето на цензусот и излезноста помала и од најпесимистичките прогнози, им ги врза рацете на сите пратеници.

Опцијата за предвремени избори е извесна, но не и посакувана за Ахмети. Во партијата веќе разгледуваат варијанти како најдобро би минале на изборите, самостојно, во коалиција со СДСМ, во коалиција со Европски предзнак или заедно со сите партии од албанскиот политички блок. Секоја од опциите за Ахмети има предности и маани и затоа е упорноста, работата да се заврши во Законодавниот дом.

Доколку изборниот ден биде последната недела од ноември, тогаш наредната среда Собранието треба да изгласа одлука за нивно распуштање. За донесување на одлуката е потребно апсолутно мнозинство или 61 позитивен глас.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ

ДУИ: Во обид за пропаганда, пратеник на ВРЕДИ сам откри дека Владата го крши Законот за јазиците

Политички судир: ДУИ бара одговорност од Меџити за спорна исплата

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%