Фрај: Време е опозицијата и власта да најдат заедничко решение за доброто на државата

Од:

Македонија во моментов се наоѓа во многу одлучувачки период по референдумот минатата недела. Треба да се донесе одлука за иднината на државата и тоа долгорочно гледано. Дојдено е време кога опозицијата и Владата треба да се потрудат да најдат политичко заедничко решение, порача денеска во Скопје пратеникот во германскиот Бундестаг Торстен Фрај.

– Јас едноставно имам разбирање за тоа што во Македонија на луѓето им е тешко во однос на Спогодбата со Грција. Добро ве разбирам бидејќи се работи делумно за национален идентитет. Сепак, сметам дека е важно да се разгледаат алтернативите и можностите. Можно ли е навистина да се постигне подобра Спогодба, можно ли е да се оди по патот на интеграција во ЕУ и НАТО без оваа Спогодба. Ако сме искрени, ми се чини дека треба да кажеме оти ваква шанса нема да има доколку не се постигне Спогодбата. Тоа е одлука на македонскиот народ и одлука што треба да ја донесе македонското Собрание, истакна Фрај на денешниот Втор македонско-германски форум „Градиме мостови – политики и економија“.

Според него, во овој момент треба да се донесе одлука за иднината на државата и дојдено е време кога опозицијата и Владата треба да се обидат да најдат политичко заедничко решение.

– Не се работи за тоа поединечни пратеници да се поткупат, туку се работи за тоа да се постигне најдоброто за државата. Од мое гледиште сметам дека Владата и опозицијата треба заеднички да најдат добро решение за добро на државата, им порача Фрај на македонските политичари во Скопје.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар