Стојан Андов: Најпаметно решение е договор на власта и опозицијата за поддршка на уставните измени

Од:

Поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов смета дека најпаметно решение за сегашната ситуација во земјва е да се постигне договор меѓу власта и опозицијата, таа да гласа за уставните промени врз основа на Договорот кој е постигнат со Грција и во една конструктивна атмосфера сето тоа да се заврши во разумен рок.

Андов во изјава за МИА дадена по денешната промоција во Велес на неговата најнова книга „Успеси и заговори 1993“ за значењето на приликите во земјава во 1993 и денес појасни дека 1993 година била година на големи успеси.

– Беше значајна година бидејќи како држава бевме примени во ОН и со тоа веќе беше призната нашата независност на меѓународен план и покрај сите тешкотии кои ни останаа, но и тоа беше година на големи опасности за државата, кои на некој начин ги минавме добро. По многу работи слична е и оваа година со 1993 година, бидејќи како и тогаш и сега преживуваме многу сложени состојби и се надевам дека и сега со успех ќе ги совладаме. Се надевам дека сегашното државно раководство ќе стори се да може да може да се реши овој проблем околу изолацијата на државата и таа да добие можности за еден вистински развој како членка на НАТО и ЕУ, нагласу тој.

На најавите на некои од политичари од странски земји дека ако ова што поскоро не се реши дека се можни и воени дејствија во регионот Андов одговори: „Овој договор мора да се случи ,бидејќи во спротивно ќе биде многу опасно за земјава“.

На прашање за ситуацијата во 1993 и сега во 2018, а во врска со преговорите со Грција за името, тој појасни дека не може да се споредува бидејќи „ние тогаш немавме можност да обезбедиме во името на нашата држава да стои зборот Македонија, а сега тоа е остварено и не само тоа со новите уставни промени кои се предлагаат од договорот се признати и македонскиот народ и јазик и сега е многу поголем резултатот кој го имаме и мислам дека ова е сосема добар договор“.

Најновта книга на Андов беше промоцирана во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, а делото го промовираше Љупчо Арсовски долгогодишен македонски дипломат во странство, кој бил и дипломат на Македонија во Грција.

Во разговорот за МИА појасни дека оваа книга е траг од еден политичар со големо искуство и кој бил на многу високи функции во поранешна СФРЈ и политичар кој со претседателот Киро Глигоров бил во пресудните моменти на Р.Македонија како независна држава, а кој е запаметен и како прв претседател на Собранието на Република Македонија.

– Токму за тие први години од независна Република Македонија пишува Андов и таа дел од неговата голема книжевна работа. Со таа едиција во која се содржан 1991,1992 и сега 1993, а од кои во ракопис е и последната книга од тие еден вид политички студии и сеќавања и размислувања Тие би требало да предизвикаат внимание кај сите оние кои сакаат да работат на историјата на Р.Македонија и кои сакаат да осознаат и да откријат уште повеќе што се случувало на внатрешната политичка сцена во Македонија од нејзиното опкружување и посебно на односите на Македонија со Грција.

„Матица македонска“ е издавачката куќа која од 1991 година до денес ги има објавено сите 15 дела на Стојан Андов информира пред присутните директорот Раде Силјан кој говореше за долгогодишната соработка со авторот.

Во изјавата за МИА Раде Силјан потенцира дека таа соработка трае повеќе од две децении бидејќи процениле дека тоа се книги кои комуницираат со широката публика.

– Тоа се книги кои расветлуваат многу важни настани од нашиот национален политички општествен опстанок во Република Македонија, а Стојан Андов е еден од ретките автори кои ги проследуваат низ една мемористичка гледна точка процесите на земјава во изминатиот период. Како човек сведител на многу настани од осамостојувањето на Република Македонија тој презентира една општа слика за се она што се случувало во политиката, економијата па се до сите процеси настани и дилеми и недоследности, кои тој ги бележи и создава еден мозаик од многу ликови во кои многумина се препознаваат или ќе се препознаат. Тоа се ликови кои можат да полемизираат со неговите ставови, но за жал досега кон неговите книги не се појавија полемички текстови од други личности,што значи дека Стојан Андовво своите дела ја пренел реалната слика за Р.М во изминатите 27 години, потенцира Силјан.

Инаку „Матица македонска“ во ноември годинава по повод 83 от роденден на Стојан Андов ќе објави избор на десет негови дела во десет тома,најави Раде Силјан.

На промоцијата извадоци од книгата на Стојан Андов читаа студенти на ЕСРА факултетот од Скопје

Би можело да ве интересира

Новата книга од Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовирана во МКЦ

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Сиљановска Давкова: Андов беше предводник на разумноста и трпеливоста

Почина Стојан Андов

Македонска премиера на „Skoda Enyaq“: Емотивен, ефикасен и електрифициран

А1он

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција