Англиската компанија „Мекларен“, по повод 50 годиншнината од постоењето, направи неколку кратки видеа.
Во првото видео може да се види инспиративна приказна за основачот Брус Мекларен, кој во 1970 година загина на Гудвуд стазата во Англија, тестирајќи го новиот М8Б Кан-ам тркачки автомобил.
Иако многу млад, Мекларен е афирмиран како телентиран возач. Неговите зборови „Животот се мери по достигнувањата, а не само по годините“, како да ја предвидија несреќната судбина на основачот на успешната компанија.
Првото видео кое зборува за историјата на Мекларен е насловено „Храброст“ и во него починатиот возач ја раскажува филозофијата на неговата компанија, поминувајќи покрај местото на несреќата.