ВМРО-ДПМНЕ го промовира кандидатот за градоначалник на Битола, Владимир Талески

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вечерва во големата сала на НУ Центар за култура-Битола го промовираше градоначалникот Владимир Талески за трет континуиран мандат во овој град.

Одлуката за номинирање на Талески за прв човек на општина Битола ВМРО-ДПМНЕ ја донеле затоа што политиката не се состои од зборови туку од дела, истакна претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во овој град, Зоран Илиоски.

– Нашиот Владимир Талески неуморно работи меѓу граѓаните и со граѓаните, нашата Битола осум години е во добри раце, со дела кои зборуваат сами за себе. Градоначалникот Талески покажа и докажа дека има визија за Битола, но и тим што знае таа визија да ја претвори во реалност. Граѓаните му веруваат во секоја прилика и затоа уверени сме дека на претстојните локални избори довербата ќе биде потврдена, истакна Илиоски.

На вечерашната промоција во Битола пред присутните преставници на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, претставници на Владата и Собранието на Република Македонија, Универзитетот „Св.Климент Охридски“, верските заедници, почесните конзули, градоначалници и советници од пелагонискиот регион, градоначалникот Владимир Талески потсети на меѓусебната поддршка во изминатиот период и резултатите кои произлегуваат од заедничкото работење и институционалната соработка.

– Ветувањата ги исполнивме. Битола станува успешна приказна. Во индустриската зона „Жабени“ имаме 29 инвеститори, а се евидентирани и првите 200 нови вработувања. Во наредните четири години ќе продолжиме со континуираните проекти, а имаме и нови како што е проектот топлификација на Битола за кој имаме владина и поддршка од ЕЛЕМ. Но, во овој мандат ќе биде реализиран и завршен и проектот за гасификација на Битола, истакна Талески.

Според него поддршката за трет мандат од битолчани е очекувана и е резултат втемелен на постигнувањата во изминатиот период во сите сегменти што се од надлежност на локалната самоуправа.

– Ќе завршиме со изградбата на современиот и според европски стандарди старски дом „Сју Рајдер“-Битола, ќе изградиме четири нови детски градинки, а во соработка со МПЦ ќе изградиме прекрасен Храм за заштитникот светец на нашиот град „Св.Нектариј Битолски“. Ќе има и други проекти, спортски сали, нови и реконструирани училишта, како и други важни капитални проекти што ги предложиле граѓаните а се дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, посочи Талески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618