Повторно одложено судењето за Канческа Милеска

Од:

Во кривичниот суд во Скопје повторно беше одложено судењето за ексминистерката за култура Елизабета Канческа Милевска и останатите обвинети во предметот „Тендери“.

Причина за одлагањето е тоа што адвокатите Еленко Миланов и Сашко Дуковско во исто време се на судење за предметот за собраниските насилства од 27 април. Тие побараа рочиштето да се одложи. Судијата Осман Шабани со крајот на декември закажа 9 рочишта.

На наредното рочиште, судењето треба да почне од почеток поради тоа што од претходното рочиште до следното се поминати 90 дена. Предметот е во фаза на доказна постапка и треба да бидат сослушани тројца сведоци.

Според обвинението на СЈО дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип.

Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Застаре случајот „Тендери“ во кој беше обвинета Канческа-Милевска

Катерина Ѓуровски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Два рамковни договори по шест милиони од Петровец кај градежната „Адра“, градоначалникот вели: Немаме таква набавка

Александар Тодески

За шест години, над 362 милиони евра народни пари кај седум градежни комапнии

Обвинителството најави жалба на ослободителната пресуда за „Тендери“

Горан Наумовски

Ослободителна пресуда за Канческа Милеска во „Тендери“