Абрамовиќ го сака Мурињо

Од:

Рускиот милијардер, Роман Абрамович нема да го остави Рафа Бенитез на клупата на Челзи по завршувањето на оваа сезона.

Познато е дека Абрамовиќ имаше желба да го доведе Пеп Гвардиола како нов менаџер на Челзи, но каталонскиот стратег веќе се договори со Баерн Минхен.

Се шпекулира дека русинот решил да го врати Жозе Мурињо на „Стенфорд бриџ“, за да може да се носи со Алекс Фергунсон во битката за титулата.

Жозе Мурињо пред да биде отпуштен од Челзи имаше неколку успешни сезони. Никогаш не беше потврдено дали Абрамовиќ му врачил отказ на Мурињо бидејќи чувствувал дека тој станал премногу моќен во клубот и можел да го загрози дури и неговиот интегритет.

Неофицијално русинот веќе испратил понуда до Мурињо, која се однесува на тригодишен договор за плата од шест милиони фунти по сезона и богати премии за секој освоен трофеј.

Мурињо ги наруши односите со скоро сите во Реал Мадрид, па јасно е дека оваа сезона ќе биде последна за него на клупата на „кралскиот клуб“.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска