Ново осветлување на градскиот плоштад и кеј во Куманово

Од:

На кумановскиот градски плоштад се поставува ново улично осветлување, информираа денеска од ЈП „Куманово-паркинг“ кое е задолжено за осветлувањето. Поставувањето канделабри со штедливи светилки веќе започна, а денеска, почна да се поставува и улично осветлување на градскиот кеј.

– Предвидено е да бидат поставени 61 канделабра на градскиот плоштад и на главниот и на малиот кај ценатрот за култура. Ова е еден вид на пилот проект преку кој ќе добиеме податоци колку ќе заштедиме со поставување на штедливи светилки, изјави директорот на претпријатието, Фадиљ Шабани.

За замената на постоечкото и поставување на новото осветлување, претпријатието одвои 2,275 милиони денари без Данок на додадена вредност. Новото осветлување според договорот со фирмата изведувач се очекува да заврши за 20 дена.

Денеска, започна и поставување канделабри со штедливи светилки и на градскиот кеј каде дел од поставените сијалици и столбови во изминатиов период беа оштетени.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе