[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]
Српскиот национален совет „СНС“ од Црна Гора порача дека Србите во таа држава треба да имаат свој кандидат за претседател, на изборите кои што се закажани за 7-ми април.
Претседателот на „СНС“, Момчило Вуксановиќ смета дека Србите поради големиот бројот на жители во Црна Гора, заслужуваат да имаат свој кандидат за претседател.
Советот во минатото, на одредени политички партии им порачал дека треба да се договорат за заеднички кандидат за претседател, но таквиот став не наишол на разбирање.
Според минатите политички оценки во црногорската владејачка коалиција, претседателскиот кандидат на опозициската, Демократски фронт на Миодраг Лекиќ по ставовите е близок со српските политички партии.
Некои вонпарламентарни српски политички партии, сметале дека Лекиќ не може да ги претставува Србите, поради неговата политика, од пред две децении кога ги застапувал ставовите на процрногорците.