На 27 април во Собранието, СВР Скопје располагало со двојно помалку полицајци од претходно

Од:

На состаноците во МВР при изготвувањето на плановите за начините на делување за време на протестите на движењето „За заедничка Македонија“ било укажувано дека се потребни повеќе полицајци за да можат да се справат со ситуацијата. Ова попладнево во Кривичниот суд го сведочеше помошникот началник за општа безбедност при СВР Скопје Кирил Бошковски.

Тој на рочиштето за настаните од 27 април во македонското Собрание рече дека со одговорните лица од МВР имале три состаноци, а на едниот од нив присуствувал и тогашниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу. На сите состаноци за кои биле изготвени записници, од страна на СВР Скопје било укажувано колку полиција ќе биде потребна со направените неколку сценарија, како и за сценариото со протест со употреба на оружје. Сведокот нагласи дека во ниту еден случај, СВР Скопје не ја разгледал можноста за тоа како да реагира и да направи план ако дел од масата влезе во Собранието, а причина за тоа бил фактот што структурите задолжени за обезбедување на витални објекти ги убедувале дека со жива сила не може да се пробијат вратите на Собранието ако тие се соодветно обезбедени.

Бошковски на 27 април бил во Оперативниот штаб на СВР Скопје каде добил информација од обезбедувањето околу Собранието дека има околу 3.000 демонстранти и оти атмосферата е тензична. Потоа добил известување дека дел од толпата ја скршила заштитната ограда и дека се обидуваат да влезат во Собранието од главниот и од другите влезови. По разговор со помошник началникот Митко Пешов бил информиран дека нема доволно полицајци и оти на располагање се само два вода, односно 60 полициски службеници.

Од почеток на протестите се до 27 април, СВР Скопје, според сведочењето на Бошковски, ги ангажирал максималните полициски сили кои ги имале на располагање. Во деновите претходно таа бројка била пет полициски вода, односно 150 полицајци и уште толку дополнителни сили во приправност. На 27 април, СВР Скопје располагало со 90 полициски службеници и само два вода, односно 60-тина резервни полицајци.

Во 18:30 часот Бошковски добил повик оти толпата пред Собранието станува се поагресивна по што остварил контакт со член на Оперативниот штаб, обвинетиот Душко Лазаров, кој му дал насоки полицијата да се постави пред вратите и да не се дозволи влез во Собранието.

– Издадов наредба сите полициски службеници кои се на работа да се упатат кон Собранието. Во координација со Лазаров се договоривме дел од полицајците да бидат повлечени од фудбалскиот натпревар и да дојдат во Собранието. Лазаров ми одговори дека не може тоа веднаш да го направи, но ќе се обиде што поскоро да прераспредели дел од силите пред Собранието. Од Лазаров добив известување дека околу Собранието има група од 10 до 15 маскирани лица и тој побара да се утврди нивниот идентитет и нивните намери, истакна Бошковски.

Во Кривичен во моментов сведочи третиот сведок, а останува уште еден.

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета