Француска амбасада: Пратениците да гласаат според резултатот од референдумот

Од:

Француската амбасада по референдумот изрази задоволство, за како што велат, добро спроведениот референдум. Оттаму ја поздравија одлуката на граѓаните, мнозинството од нив да гласаат „за“ договорот.

„Гласачкото тело на ПЈРМ на 30 септември имаше можност да гласа на референдум, каде се изјасни за името и за иднината на земјата. Франција со задоволство констатира дека гласањето се одвиваше добро и го поздравува фактот што големо мнозинство од излезените гласачи искажаа поддршка за спогодбата од Преспа и за приближувањето на нивната земја кон Атлантската алијанса и Европската унија, велат од амбасадата.

Според нив, Собранието треба да се произнезе за уставните амандмани, водејќи се според резултатот од референдумот.

„Како што напомена претседателот на Република Франција, спогодбата од Преспа е добра како за земјата, така и за регионот и Европа“, велат од амбасадата.

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Во ЕУ има 15,7 судии на 100.000 жители, а во Македонија 20,1

Германско-француски тандем во трка со времето

Исмаил по труењето на над 1.000 гостиварци: Време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

ФизиоС Плус“ – прв центар за физикална медицина и роботска рехабилитација со најсовремена технологија и индивидуален пристап

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница