Кардиолошкиот завод во Охрид во црвена илуминација по повод Светскиот ден на срцето

Од:

Заводот за третман на кардиоваскуларни заболувања од Охрид, по повод Светскиот ден на срцето што годинава се одбележува под мотото „И моето срце, и твоето срце“, синоќа целосно беше осветлен во црвено, како начин вработените од установата да испратат порака за потребата од подигање на свеста за подобра грижа за здравјето на срцето, дотолку повеќе што кардиоваскуларните заболувања и натаму се причина број еден за смртност кај нас и во светот.

– Светската здравствена организација годинава излезе со број од 17,5 милиони смртни случаи што настанале како последица на кардиоваскуларни заболувања. Па, затоа пораката која годинава е всушност прашање е што можеме секој од нас како поединец да направи и сите ние што можеме да направиме во превенција на срцевите заболувања и здравјето? Одговорот ќе го најдеме преку лична едукација на пациентите и населението за препознавање на симптомите и начинот на живот кој не создава ризици по здравјето на срцето, вели Елена Коваческа Башуроска, директорот на Заводот.

Лекарскиот тим на пациентите им делеше брошури и совети кои се однесуваат на сите аспекти на превенција на срцевите заболувања.

– Кардиолошкиот завод од Охрид е институција која организира континуирана едукација на пациентите за да се подигне свеста за кардиоваскуларните заболува, а со тоа да се подигне и нивото на грижа за здравјето. Што се однесува до лекарскиот тим, на нас останува да ги следиме светските трендови во кардиоваскуларната медицина и да ги воведуваме новите постапки и процедури тука кај нас, истакна Никола Бакрачески, раководител на Одделот за интервентна кардиологија.

Инаку, кампањата Кардиолошкиот завод ја реализира во соработка со „Алкалоид“. Активностите по повод „Светскиот ден на срцето“ ќе завршат со хуманитарен настан од кој средствата ќе се наменат за деца со здравствени проблеми од семејства кои се под социјален ризик.

Би можело да ве интересира

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски