Во касарна во Виченца, што се наоѓа во Италија, во рамки на американската воена база, синоќа бил пронајден мртов 24-годишен американски војник.
Телото на војникот било пронајдено во неговата соба, по што е предадено на аутопсија што ќе ги утврди причините за смртта.
Според информации на италијанските медиуми на војникот му се слошило и срцето престанало да му работи, но сепак како што наведуваат медиумите, тешко е да се дојде до подетални информации во врска со овој случај, бидејќи се држи во строга тајност.