Советничката на Трамп брани судија обвинет за силување на жени

Од:

Советничката на американскиот претседател Доналд Трамп, Келиен Конвеј, изјави дека и таа била жртва на сексуален напад, но истакна дека заедничкиот бес на жените поради таквото искуство не би требало да влијае на номинацијата на Брет Кавано за врховен судија.

Во изјава за Си-Ен-Ен, Конвеј го бранеше судијата Кавано од обвиненијата за сексуално злоставување кои против него ги изнесоа три жени.

Таа рече дека неговите противници грешат политизирајќи ја неговата номинација и претворајќи ја во „митинг на движењето #И јас“.

Конвеј рече дека медиумите и останатите често различно ги третираат жртвите „врз основа на своите политики“.

– Искрено, чувствувам силна емпатија кон жртвите на сексуален напад, сексуално вознемирување и силување. Јас сум жртва на сексуален напад, рече Конвеј.

Таа меѓутоа додаде дека не очекува „за тоа да бидат одговорни судијата Кавано, Џејк Тапер, (републикански сенатор) Џеф Флејк или кој било друг“.

Одборот на американскиот Сенат за правосудство во петокот го поддржа изборот на Брет Кавано за судија на Врховниот суд на САД, а одлуката ја проследи до Сенатот кој треба да се изјасни.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија