Европските социјалдемократи: Референдумот нема цензус поради манипулативната кампања

Од:

Социјалдемократската група во Европскиот Парламент им честита на македонските граѓани за нивната поддршка за Преспанскиот договор и смета дека цензусот не бил постигнат поради манипулативната кампања.

-За жал излезноста за референдумот не постигна 50 отсто. Манипулативната кампања без преседан обесхрабри многу луѓе да излезат на гласање. Делови од опозицијата кои и припаѓаат на Европската народна партија и претседателот на земјата го бојкотираа референдумот и уште еднаш докажаа дека се опортунисти и кусогледи националисти, изјави шефот на социјалдемократите во ЕП, Удо Булман.

Булман остро го критикува претседателот Ѓорге Иванов за неговиот повик за бојкот.

-Посебно сме загрижени за извештаите за руско мешање во изборниот процес. Стотици нови вебсајтови од странство ги повикаа гласачите да го бојкотираат референдумот, овие извештаи треба да бидат проверени, повика Булман.

Социјалдемократите ја повикуваат опозицијата да ја почитуваат волјата на народот изразена на референдумот.

Кнут Флекенштајн од истата парламентарна група и дел од процесот Жан Моне за политички дијалог во Македонија ја повикува македонскатра опозиција да најде начин да го почитува Договорот со Грција склучен во јуни, како што налага волјата на мнозинството.

-Мнозинството македонски гласачи кои гласаа и рекоа дека сакаат европска иднина за нивната земја, им честитам на зрелоста и одговорноста, напиша Флекенштајн.

Би можело да ве интересира

Јосифово на удар од диви свињи: цело стадо се спушти над селото, жителите бараат итна реакција

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Мециновиќ: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ – Левица разговара со сите опозициски чинители

Предраг Петровиќ

Промовирана алатка за пријавување онлајн вознемирување врз жени во медиумите

Левица ќе присуствува на трибината на Платформата „12:05“ – со своја позиција во разговорот за следната политичка фаза

Предраг Петровиќ

Променливо облачно, со локален дожд