Островот на духовите во околината на Нагасаки

Од:

Иако изгледа како заостаната воена зона, Хашима е всушност напуштен остров. Го нарекуваат уште и „воен брод во распад“.

Хашима е еден од 505 ненаселени острови во областа Нагасаки, и се нaoѓa 15 километри од самиот Нагасаки. Од 1887 до 1974 година, таму с ископувало јаглен за погоните на Мицубиши. Имало одреден број жители… Имало и училишта, болници и паркови, а до денес местото се претворило во огромна урнатина.

Во Втората светска војна на островот во заточеништво биле носени кореански и кинески заробеници заради присилна работа, со малку храна и многу ќотек и измачување.

Кога јагленот почал да се заменува со нафта, исчезнувала и потребата за работници кои ќе го ископуваат. Луѓето почнале да се иселуваат, па островот се повеќе се испустувал, а рудниците се целосно затворени во 1974 година.

По иселувањето на последниот жител, пристапот со години бил забранет, поради старите градби и опасноста од уривање. Но, 2009. е повторно отворен, сепак, само делумно, за посетители кои овде доаѓаат со брод. На островот се снимаа и сцени од „Скајфол“ – еден од последните Џејмс Бонд филмови.

Во 2015-та година, УНЕСКО го прогласи островот за културно наследство.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска