Партијата Обединети за Македонија тврди дека 106 претседатели на избирачките одбори во кичевскиот регион биле Албанци, за разлика од досега, кога повеќе од половината биле Македонци.
„Во кичевскиот регион са назначени 106 претседатели на избирачки одбори, сите од албанска етничка припадност. За споредба, досега повеќе од половината биле од македонска етничка припадност. Зад оваа одлука застанал и членот на ДИК по потекло од Кичево, Влатко Сајковски. Ваквиот чин е повеќе од јасна политичка порака од владеачката ДПМНЕ.
– За ваквиот патриотски чин Груевски очекува поддршка за забеганиот проект „Скопје 2014“ од Али Ахмети, односно ДУИ да застане во Скопје зад Коце Трајановски“, пишува во соопштението на Обединети за Македонија.