(ВИДЕО) Стоилковски: Само оваа година вработени се преку 200 партиски активисти на СДСМ во државната администрација

Од:

Зоран Заев и неговиот картел спроведува антиреформи и партизација во јавната администрација. Партизацијата на администрацијата ја командува самиот Зоран Заев преку формираниот Совет за реформа на јавната администрација. Ниту диплома ниту работно искуство, единствено што е потребно е стаж во партијата и партиски активности, за да Заев, Тевдовски, Манчевски и Спасе Глигоров можат да креираат мрежа на партиски војници во јавната администрација, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

– Само во оваа 2018 година вработени се преку 200 партиски активисти на СДСМ во државната администрација. Повеќето од нив се на високи позиции, а таа висината на позицијата зависи исклучиво од стажот и активностите во самата партија СДСМ. Преку Агенцијата за администрација распишани се преку 160 огласи за вработување на неопределено време во централната и локалната власт, а се вработува само партиски војници на СДСМ? Тоа се реформите на јавната администрација кои водат напред а се замислени од СДСМ? Дали е тоа партизација на администрацијата или департизација како што налага одењето напред? Тоа се тоа тие вредности кон кои води СДСМ; партизација наместо департизација на администрацијата? Наместо професионална функционална администрација во служба на граѓаните, СДСМ ја злоупотребува само за вработувања на партиските војници. Не постои општина не постои државна и јавна институција во земјата во која не се нашло место за вработување и полнење на администрацијата со партиски војници. И тоа се прави бесрамно, дури и не се мисли дали некој бил примен иако имал најмалку бодови при квалификациите, рече Стоилковски.

Тој кажа дека секојдневно до ВМРО-ДПМНЕ стигнувале информации за нови злоупотреби на огласите и полнењето на новоотворените работни места.

– Што е уште пострашно, нововработените сеат страв и политичка пропаганда за партиски цели, а чесните службеници во администрацијата немаат ниту каде да се пожалат. Тоа е реалноста на Македонија со СДСМ, тоа се тие вредности кон кои што цели оваа власт. Почитувани, не смее да се дозволи актуелната власт за една намена целосно да ја урниса државата. За неполни половина мандат ја урнисаа економијата, го урнисаа правниот систем, ја пренатежнаа администрацијата со партиска војска. На Македонија и треба здрава професионална администрација, на Македонија и треба тим што навистина ќе знае да поведе напред, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски