Заев: Бошњаците се нераздвоен дел од богатството во нашата мултикултурна држава и концептот „Едно општество за сите“

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Македонија, по повод празникот 28 септември – Меѓународен ден на Бошњаците.

Овој ден, потенцира, го симболизира враќањето на националното име „Бошњак“ и именувањето на вашиот мајчин јазик како босански јазик, вели Заев, е добра можност за да се одбележат културните специфики и вредности на бошњачката етничка заедница во Република Македонија.

– Бошњаците се составен и нераздвоен дел од богатството во нашата мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална држава, и активно учествуваат во градењето на концептот „Едно општество за сите“, нагласува во честитката премиерот Заев.

Како определба на Владата на РМ да биде посветена на афирмација на културата, посебностите и традициите на секоја заедница во нашата земја, од оваа учебна година, најави тој, во образованието на учениците Бошњаци им е вратено правото на редовна настава на босански јазик.

– Бидете уверени дека остануваме и понатаму посветени на заложбите за натамошната промоција на бошњачката култура и традиција и во создавањето услови за поквалитетен и попросперитетен живот на сите наши граѓани, се подвлекува во честитката од претседателот на Владата.

Заев упати порака сите заедно да продолжиме со спроведувањето на реформите, за развој на економијата и подобрување на стандардот на граѓаните, на промоцијата на можностите за културно и образовно напредување и за изградба на силна, модерна и напредна Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата