Во кривичниот суд во Скопје повторно беше одложено судењето за Мариглен Демири од шарената револуција. Причина се притворските предмети по кои постапува судијката Славица Андреевска.
За ова судење кое се суди во скратена постапка, две и пол години се одлагаат рочиштата, а се промени и судијката. Демири е обвинет дека ја оштетил Народната канцеларија на претседателот на „Рекорд“ на протестите во април 2016 година, по аболицијата што ја прогласи Ѓорге Иванов.
Од Јавното обвинителство за „А1он“ одговорија дека обвинителите биле презафатени и затоа не се појавувале на рочиштата.
Следното рочиште е закажано за 30 јануари 2019. За истиот предмет се обвинети и Здравко Савески и Владимир Куновски од Левицата.
Васко Маглешов