Израел објави снимки од проирански ракетни бази во Либан

Од:

Израелската армија објави снимки од објекти во близина на либанскиот главен град Бејрут, за каде тврди дека терористичката група Хезболах подготвува ракети за лансирање кон северен Израел.

– Во Либан, Иран му дава инструкции на Хезболах да изгради тајни бази за производство на насочувани ракети кои можат да погодат цели длабоко во Израел, со прецизност од 10 метри, обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху при своето обраќање во Генералното собрание на Обединетите нации.

Армијата на Израел објави едноминутна снимка и неколку фотографии од овие објекти кои се во близината на аеродромот во Бејрут.

Израел повремено ги ракетира позициите на Хезболах и другите проирански групи во Либан и во Сирија, за да спречи напади врз израелска територија.

Би можело да ве интересира

Стигна предупредување за Трамп: Иран може да направи нуклеарна бомба

Горан Наумовски

Израел потврди дека стои зад атентатот на лидерот на Хамас

Во последните 24 часа во Газа загинаа повеќе од 20 лица

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Најмалку 15 лица загинаа во израелски напади врз училишта во Газа

(ВИДЕО) Нетанјаху: Израел ќе остане на планината Хермон на сириската граница додека не се постигне друг договор