(ВИДЕО) Јанушев: Граѓаните покажуваат отпор и пркос

Од:

Остваривме средби со голем број на граѓани каде што како и секој ден разговаравме пред се за штетните последици кои што се очекуваат од Договорот кој што Заев и Владата предводена од СДСМ го склучија заедно со Република Грција, рече Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Она што можам да го кажам при овие средби е дека во огромен број граѓаните се запознаени со штетните последици од истиот и кој што после сите повици и укажувања од наша страна, средби кои што ги имавме со граѓаните покажуваат отпор и пркос. Покажуваат достоинство и образ дека на 30-ти септември со своето однесување односно со она како ќе постапат ќе покажат отпор против овој договор. А, нормално со цел зачувување на Република Македонија. Зачувување на македонскиот национален идентитет, нашиот јазик и се она што е македонско. Онакво какво што го имаме денес и онакво какво што сите го знаеме, рече Јанушев.

Тој упати апел до сите оние кои се чувствуваат заплашени и уценети дека ВМРО-ДПМНЕ ќе застане позади нив.

– Како што веќе кажавме, снимајте ги, документирајте ги, пријавете ги. Ќе им дојде крајот, рече Јанушев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ