Од Челзи негираат дека Абрамович ќе го продава клубот

Од:

Гласините дека сопственикот на Челзи, Роман Абрамович е подготвен да го продаде клубот за три милијарди фунти не одговараат на вистината, објави „Блумберг“.

Според изданието, рускиот олигарх најмил банкари од САД, за да најдат купувачи на клубот и соодветно, тој да биде продаден.

Абрамович не се појавил во Лондон веќе неколку месеци, откако во мај британската влада одби да му ја обнови визата.

Ова покажало влијание врз работењето на клубот – се забави промената на Антонио Конте со Маурицио Сари, се спроведе релативно слаба трансферна политика и беше замрзната изградбата на новиот стадион.

Сето ова доведе до шпекулации дека олигархот изгубил интерес за Челзи.
Извори од „Стемфорд Бриџ“ сепак, тврдат поинаку.

Абрамович (51) не размислувал за продажба на клубот и ситуацијата воопшто не е променета во изминатите неколку месеци, објави „Блумберг“

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Челзи и го задржаа првото место во Премиер лигата

Палмер стана првиот играч во историјата на Премиер лигата со четири гола во првото полувреме

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Фудбалерите на Вулверхемптон го победија Челзи во 18. коло од англиската Премиер лига

Санчез ќе мора да паузира одреден период поради повреда