Мадрид ќе биде домаќин на новиот „Дејвис куп“

Од:

Првиот домаќин на финалниот турнир на „Дејвис купот“, кој ќе се игра по нов формат, ќе биде Мадрид, беше објавено на веб-страницата на Меѓународната тениска федерација.

Управниот комитет на неофицијалното светско тениско првенство за тимови одлучи дека домаќин на првите две изданија на новиот формат на „Дејвис купот ќе биде главниот град на Шпанија.

Во новиот „Дејвис куп“ ќе учествуваат 18 екипи, а шампионот ќе биде познат по седумдневно натпреварување.

Пласманот на финалниот турнир досега обезбедија овогодинашните полуфиналисти Франција, Хрватска, САД и Шпанија, како и Аргентина и Велика Британија, кои добија „вајлд карти“.

Останатите 12 тимови ќе се борат преку квалификации, кои ќе се одржат во февруари.

Финалето на „Дејвис купот“ ќе се одигра од 18 до 24 ноември.

Би можело да ве интересира

Русија го освои Дејвис Купот 2021

Ана Ололовска

Русија избори финале против Хрватска во Дејвис купот

Катерина Ѓуровски

Македонските тенисери изборија промоција во Дејвис купот

Ана Ололовска

АТП ги одложи Дејвис и Федерејшн купот за идната година

Жарко Настоски

Хрватските тенисери се пласираа на финалниот турнир во Дејвис купот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шпанија го освои Дејвис купот

Ана Ололовска