Во следните 30 месеци ќе се спроведува проект за енергетско-ефикасно градење

Од:

Во следните 30 месеци во Македонија ќе се спроведува проект за одржливо енергетски-ефикасно градење кој треба да му се помогне на градежниот сектор да биде во чекор со вредностите и стандардите на градежништвото во европските држави.

За првпат ќе се имплементира и алатката БИМ која ќе ги содржи сите податоци при градење, почнувајќи од градежен проект, преку фазата на имплеметација, се до користење на зградата.

– Алатката БИМ треба да им помогне на градежните компании да градат енергетски ефикасни згради и со самото тоа очекуваме градежниот сектор да оди во чекор со она што го бара ЕУ. Тоа не само што ќе придонесе за јакнење на конкуретноста во градежниот сектор, туку ќе придонесе и за постигнување на параметрите кои Македонија се обврзала да ги постигне до 2020 година во договорот со ЕУ, изјави денеска Владанка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија на конференцијата организирана по повод почетокот на проектот.

Преку проектот ќе се реализираат низа обуки, а една од целите е да се препознаат и вештините и знаењата со кои располагаат работниците и за тоа да им бидат дадени соодветни сертификати.

– Важно е да се знае кои работници се сертифицирани бидејќи во градежниот сектор многу од работниците немаат формално образование, а на терен ги стекнуваат своите знаења и вештини. Наша цел ќе биде да ги препознаеме тие вештини и знаења и да им дадеме сертификат за тоа што всушност тие знаат, појасни професорката Христина Спасевска од Факултетот за електротехника и информатички технологии.

Според неа, ако има обучени работници, инженери, менаџери и инвеститори ќе може да се подобрат и правилата и начинот на градба во Македонија.

Од страна на Владата ветена е институционална помош. Министерот без ресор Зоран Шапуриќ изјави дека Владата останува цврсто определена за дијалог со коморите, експертите и универзитетските професори и ќе биде во целосна комуникација со нив.

– Мислам дека проектот ќе биде солидна база за воведување на нови практики бидејќи како земја кандидат очекуваме да ги отпочнеме наскоро преговорите со ЕУ, изјави Шапуриќ.

Би можело да ве интересира

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

СГИП и Здружение на градежништво: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата

А1он

Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Ана Ололовска

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија

Ана Ололовска

Градежниците бараат намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на поскапените градежни материјали

А1он