ВИДЕО: Пратеници од првиот парламентарен состав повикаа граѓаните да гласаат „за“ на референдумот

Од:

Триесетина пратеници од првиот парламентарен состав ги повикаа граѓаните да излезат и да гласаат „за“ на претстојниот референдум.

– Ние имавме историска шанса да ги удриме темелите на независна и суверена Македонија. Ги направивме вистинските чекори во вистинско време. Донесовме декларација за независност, донесовме декларација за членство во ЕУ и НАТО, го донесовме Уставот, како и одлуката за референдумот.

Приемот во ОН беше условен со прифаќање на спогодбата со Грција и можевме да кажеме дека сакаме во Обединетите нации, но не со референцата „ФИРОМ“, меѓутоа каде ќе бевме сега? Не згрешивме, ги направивме вистинските чекори во вистинското време. Можете да ги почитувате или не СДСМ и Заев, ВМРО и Мицкоски или ДУИ и Ахмети и сите други партии, но Македонија мора да ја сакаме. Вашите ставови искажете ги на избори, но ова е референдум, рече поранешниот пратеник Алил Џафероски.

Тој порача дека вистинска одлука е на 30 септември да е излезе и да се гласа „за“, бидејќи тоа е уште еден вистински чекор во вистинско време.

Меѓу пратениците беа, првиот претседател Стојан Андов, Петар Гошев, Тито Петковски, Васил Зимбаков, Мухамед Халили, Ѓулустана Марковска, Михаил Пановски, Исмет Рамадани и др.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства пред собраниската Комисија за политички систем

Петрушевски: ЕК извештајот констатира дека судиите често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите

Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам и Законот за експропријација

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки

Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

Пратениците ја почнаа расправата за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски