Дваесет и две лица од забранета будистичка секта се осудени на затворски казни во Виетнам заради обид за државен удар. По еднонеделен судски процес, осудени се Пан Ван Ту (65) на доживотен затвор, додека 21 други, меѓу кои и синот на Ту добија затворски казни меѓу 10 и 17 години.
Според судот, тие се обиделе да формираат нова држава наречена Dai Nam Kinh Chau 9 Големо Виетнамско Кралство) на чое чело како крал би бил Ту. Групата планирала да формира нова влада оваа година и подготвила ново знаме, химна и имала намера да промовира 72 генерала, јавија државни витнамски медиуми.
Групата делувала како туристичка компанија која работела во провинцијата Пу Јен. Добивале пари за својата идеја од Виетнамци кои работеле во САД. Како што јави ДПА, на судењето бранителите укажувале оти групата немала политички намери за симнување од власт на актуелната влада бидејќи таа група не била политичка.