Во Куманово се гради објект за целодневен престој на ученици со посебни потреби

Од:

Започнаа градежните активности за изградба на објект за целодневен престој за ученици со попреченост, опфатени во образованието во рамки на кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“.

Денеска, увид во работите извршија одговорните од училиштето, од Министерството за труд и социјална политика, вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот Максим Димитриевски.
Проектот кој го изработи основното училишта „Браќа Миладиновци“ е одобрен од Министерството за труд и социјална политика Согласно договорот со изведувачот се очекува изградбата да заврши до 11 ноември, Денот на ослободување на Куманово.

– Ова е прв таков објект на ниво на општината, регионот. Проектот е во вредност од 55 илјади евра. Доградбата опфаќа околу 150 метри квадратни и ќе има простории за одмор, кујна трпезарија, занимална. Се надевам дека корисниците на услугите ќе бидат задоволни од предвидениот начин на функционирање, информираше директорката на училиштето, Марина Манојловска.

Целодневниот престој наменет за ученици со попреченост е прв од ваков вид кој ќе се изгради во Куманово и ќе функционира по принципот на целодневен престој во градинките. Учениците ќе имаат можност да останат во престојот, да добиваат оброк, со нив ќе работи стручен тим. Родителите на децата со попреченост ќе имаат можност да ги остават згрижени своите деца и да бараат работа, а со тоа и да ја подобрат финансиската состојба во семејните буџети.Освен учениците со посебни потреби, 55 кои следат настава во „Браќа Миладиновци“, целодневниот престој ќе го користат учениците со попреченост од сите училишта од целата општина.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски