Поради промена на составот на судиите и денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ е одложено.
Во предметот на Специјалното јавно обивнителство „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури.
Аљими и Гури се обвинети затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир „уништувале изборен материјал“.
Двајцата обвинети, според Специјалното јавно обвинителство, со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат и имале криминален нагон да ја фалсификуваат изборната волја на граѓаните на Чаир со цел да остварат политичка моќ.
Адвокатите на Аљими и Гури пред судот на минатите рочишта посочија дека со повеќе докази во текот на постапката ќе докажат дека нивните клиенти не се виновни.
Според адвокатите во спорниот момент на обвинението, обвинетите немале никаква функција со што би влијаеле да се стори кривичното дело за кое ги обвинува СЈО.