Виетнамците се простуваат од починатиот претседател Тран Даи Куанг

Од:

Во Виетнам почна погребната церемонија на претседателот Тран Даи Куанг, кој почина минатата недела на 61-годишна возраст од инфекција.

Жителите на Ханој излегоа на улиците да му оддадат почит на претседателот, кој подоцна денеска ќе биде погребан во неговото родно село на северот на земјата.

Тран беше министер за јавна безбедност на Виетнам пред да биде избран за претседател во 2016 година.

– Тој е заслужен за откривањето и спречувањето на многу заговори и саботажи на странските и реакционерните сили и други злосторници, изјави генералниот секретар на владејачката Виетнамска комунистичка партија, Нгуен Фу Чонг.

Тран сепак се смета за заслужен и за промовирањето на пазарни реформи во комунистичкиот економски модел на Виетнам и за подобрување на меѓународната положба на земјата.

По неговата смрт, вршител на должноста претседател на Виетнам стана потпретседателката Данг Ти Нгок Тин, која е првата жена што ја извршува оваа функција.

Би можело да ве интересира

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Виетнам

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Најмалку осум лица загинаа, а 187 се повредени во налетот на супертајфунот Јаги во Виетнам

ВИДЕО: Во Виетнам има човек кој не спиел од 1962 година

Предраг Петровиќ

Најмалку 14 лица загинаа во пожар во станбена зграда во Ханој

(ВИДЕО) Десетици жртви во пожар во зграда во Виетнам: дете фрлено од прозорец за да се спаси

Катерина Ѓуровски