Во возило „опел“ пронајдени мигранти од Иран

Од:

На автопатот Скопје-Гевгелија, на делницата од Неготино до Гевгелија, во патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблици се пронајдени девет лица мигранти од Иран.

Како што денеска соопшти МВР, полицијата имала сознанија дека две патнички возила „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки превезуваат мигранти.

– Полициски службеници дале знак за запирање на возилата, но тие не застанале. Возилото „опел“ продолжило кон Граничниот премин Богородица и набргу потоа удрило во метален столб. Возачот избегал од местото на настанот, но по преземени мерки и активности во 22.00 часот бил пронајден и лишен од слобода. Се работи за лицето Е.Ј.(25) од Германија, а со место на живеење во с.Орланци, скопско. На местото биле пронајдени девет лица-мигранти од Иран, стои во соопштението. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

(ВИДЕО) Катастрофа во Сеута: Најмалку 18 мигранти загинаа

ВИДЕО: Илјадници мигранти влегоа во Сеута, локалните власти бараат распоредување на војската