Форум за надминување на предизвиците од даночните и кадрови политики врз ИКТ секторот

Од:

Подобрување на бизнис регулативата и директен дијалог со приватниот сектор за надминување на предизвиците од даночните и кадрови политики врз ИКТ секторот во Република Македонија, порачаа учесниците на форумот за подобрување на бизнис климата во Македонија преку поттикнување на општествени и економски промени, организиран во рамки на проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“.

На форумот беа разгледани проблемите и предизвиците со кои компаниите за ИКТ се соочуваат со данокот на додадена вредност (ДДВ) и данок на добивка и персонален данок од една страна, како и обезбедување работна сила во ИКТ секторот преку квалификација, доквалификација и преквалификација на кадри, истовремено соочувајќи се со предизвикот за тоа како да се задржат ИКТ експертите во Македонија.

Извршниот директор на МАСИТ стопанската комора за ИТ, Анита Никова Бундовски, рече дека форумот денеска е посветен на ИКТ индустријата и услужните дејности, со акцент на даночните реформи и долгорочните и краткорочни ефекти од измените.

– Денеска низ дискусија сакаме преку примери од Романија, Бугарија и Велика Британија, каде со мали измени и нивелации во одредени даноци, особено кон ИКТ секторот имало позитивно влијание, и би биле целисходни за цел развој на економијата, рече Бундовски.

Во однос на одливот на ИКТ кадри, Бундовски посочи дека, тоа може да се спречи преку системски измени во образовниот систем и овозможување работа на нови платформи и нови технологии кои се во чекор со светските трендови.

Според Кристијан Бадер, експерт за даноци и финансии од Романија, земјата веќе неколку години се посветува на развој на ИКТ секторот како клучен за раст на индустријата.

– Романија одлучи дека најдобар начин да се направи тоа е со давање посебни бенефиции и даночни олеснувања и на компаниите и на индивидуалците кои работат во ИТ индустријата и истражување и развој. Посебен акцент се става и на соработката меѓу компаниите и образовните институции за ИКТ кадар, каде преку можности за донирање и спонзорство од аспект на заедницата се стимулираат од даночен аспект компаниите. Тоа е долгорочен процес и покажа сериозен ефект во градењето на кадар, посочи Бедер.

Ефектите, нагласи Бедер, се веќе видливи, така што речиси десет пати е зголемен ИКТ кадарот за овој период, се отвораат многу истражувачки центри и се инвестира во напредни индустрии.

Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ е четиригодишен проект со буџет од 1,9 милиони долари кој има за цел да ја подобри бизнис регулативата и да им помогне на малите и средни претпријатија полесно да ја следат и имплементираат честопати комплексната и неповолна регулатива. Проектот го спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во партнерство со Стопанска комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Александар Тодески

Лога го разреши претседателот на Советот на ИКT, судијата Лазар Нанев

A1on

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска