Алегри го спречил Роналдо да присуствува на доделувањето наградите на ФИФА

Од:

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, го сопрел Кристијано Роналдо да присуствува на овогодинешното доделување на наградите на ФИФА во Лондон.

Португалецот беше меѓу трите финалисти за наградата „Најдобар фудбалер“, но не присуствуваше на церемонијата, а Алегри го оправда неговото отсуство.

– Жал ми е што тој не замина за Лондон, но утре имаме натпревар и тој мора да се подготви, рече Алегри.

Јувентус ќе се соочи со Болоња утре во 21 часот во шестиот круг од Серија „А“.

Претходно од светската фудбалска централа упатија критики до Роналдо и Меси дека го „дискредитираат фудбалот“ со тоа што не се појавуваат на свеченостите на доделување награди.

– Со своето однесување го дискредитираат фудбалот, можеби тоа и не го разбираат, изјави претставник на ФИФА за шпанска „Марка“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 906 гол на Роналдо

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

Роналдо премина една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Предраг Петровиќ

Дебакл на Јувентус – Влаховиќ промаши пенал

Предраг Петровиќ

По болниот крај на сезоната, Роналдо ги полни батериите за европското на егзотична дестинација