Мобилни даночни шалтери пред општина Аеродром

Од:

Управата за јавни приходи (УЈП) денеска ќе постави Мобилни даночни шалтери пред зградата на Општина Аеродром.

Преку опремено комбе како даночна канцеларија, граѓаните и фирмите без да го напуштат своето место на живеење/седиште, ќе имаат можност да ги добијат сите даночни услуги и информации, да ги достават сите видови даночни пријави и да ги подигнат сите документи што ги издава УЈП.

Како што соопшти општина Аеродром, целта на оваа активност е олеснување на даночната процедура, заштеда на време и трошоци за исполнување на даночните обврски и обезбедување брз и лесен пристап до даночните услуги за граѓаните.

Би можело да ве интересира

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура

УЈП: Електронските услуги ќе бидат привремено недостапни до доцна попладне

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

Околу 10 000 граѓани треба да го пријават доходот остварен во странство

Катерина Ѓуровски

Казни за матичните гинеколози кои наплаќале ЕХО, ПАП и други услуги што ги покрива Фондот

Масовно неиздавање фискални сметки, плати во „плик“, скриен промет – УЈП контрола кај угостители и трговци

Катерина Ѓуровски